Премиерот Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи напиша дека конечно се отворени преговорите со ЕУ. Како што вели тој, денеска во Брисел почна скринингот за процесот на членство на нашата држава во ЕУ.

-Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг процесот за Северна Македонија за членство во ЕУ.

Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата.

Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество.

Посакувам успешна работа, македонскиот тим е подготвен за предизвикот, пишува Ковачевски.