Тоа писмо содржи одредени случаи коишто, за жал, можам да кажам навистина се одолговлечени. Постапката оди со враќање од повисоки кон пониски инстанци во повеќе наврати. Сепак, тоа се прашања за судиите коишто работат и за оние кои управуваат со работата на судиите, рече премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар за писмото на американската амбасадорка во земјава Ангела Прајс Агелер.
Во писмото кое на 11 април Агелер го испратила до судските и извршните органи таа изразува загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили.
Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Самит Македонија2025, Ковачевски рече дека мора да се разграничи дека во државата има поделба на власта на извршна – Владата, законодавна – Собранието и судска власт –правосудните органи и дека писмото се однесува на правосудството.
На прашањето дали тоа значи дека писмото е пратено на погрешна адреса, одговори дека е „пратено секаде каде што е потребно“ и дека Владата стои на располагање за унапредување на законите, обезбедува услови за функционирање на судовите – во делот на буџетот, во предлагање законски решенија за унапредување на судската пракса итн. Но дека низа предлог-закони во Собранието се блокирани од опозицијата.
По донесениот нов Кривичен законик пред неколку месеци, подготвен е, рече, и нов закон за Судската академија, нови закони се подготвени за ренумерација на судии и обвинители.
-Но голем број од нив се блокирани во Собранието и тоа е прашање за опозицијата, а не за мене, бидејќи опозицијата ги блокира и мора да ги каже причините поради кои ги блокира – платите на судиите, реформа на Судската академија, тоа е се блокирано во Собранието, изјави Ковачевски.
Посочи и дека во време на кризна година Владата во ниту еден момент, како што рече, не ги намалила финансиите за правосудството со кои подоцна самите управуваат со нив, а и капиталните инвестиции се на ниво на предвиденото.
-Дел од судниците се дигитализираат, првата е веќе пуштена во употреба, веќе функционира и дел од системот за интероперабилност меѓу институциите, со оглед дека по електронски пат се забрзува комуникацијата на судовите со институциите со кои најмногу разменуваат информации. Се е тоа што Владата може да го направи во делот на унапредување на судството. Но, она што дополнително треба да се направи е повеќе да се вклучи Собранието, политичките партии, во делот на комуникација со судовите, зашто и по Устав, и по закон, судиите, членовите на Судскиот совет се избираат во Собранието, рече премиерот.
Смета дека треба да се воведат подетални, мерливи показатели на секој поединец од правосудната фела бидејќи, како што рече, „не би генерализирал дали нешто комплетно не функционира или комплетно функционира“.
-Сепак, се работи за систем во кој постојат поединци од кои дел, веројатно, добро ја извршуваат својата работа, дел помалку добро, дел треба да го унапредат своето работење, а дел треба да бидат освежени со нов кадар. Но, сепак, тоа не е во ингеренции на Владата. Тоа што е во