Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија.
На средбата беше истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи.
Претседателите на Владите на Северна Македонија и Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков се согласија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји.