Новиот мандатар Димитар Ковачевски, кој се очекува и да го замени премиерот Зоран Заев на функцијата, откако го доби мандатот од претседателот на државата Стево Пендароски порача дека примарна цел ќе биде подобрување на животот на нашите граѓани, обезбедување на сигурна иднина.
-За мене претставува голема чест и одговорност доделениот мандат од претседателот Стево Пендаровски да ја формирам новата Влада. Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозни предизвици, кои не чекаат веќе од почетокот на следната година“.
Ова го истакна новиот мандатар и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по доделувањето на мандатот од страна на шефот на државата.
Тој додаде дека живееме во турбулентни времиња, времиња на кризи и неизвесности, а истите бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе.
„Новата влада ќе има јасна цел, обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што ќе биде одлука на тимот кој јас како мандатар ќе го составам“, порача Ковачевски.