Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни, и покрај сите опструкции од опозицијата и блокирани закони за раст на платите, платите во континуитет растат, вели премиерот Димитар Ковачевски во денешното видео обраќање до нацијата.
„Владата предводена од СДСМ го реализираше едно од најважните ветувања дадено пред граѓаните уште во 2017, просечна плата од над 30.000 денари. Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. И покрај сите опструкции од опозицијата и блокирани закони за раст на платите, платите во континуитет растат. Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме“ вели Ковачевски.
Премиерот во обраќањето додава дека во време на голема економска криза сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците. „Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно“ вели премиерот Димитар Ковачевски.