Според претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски придобивките од ЕУ се големи и значат сигурна иднина, подобар живот и побогати млади кои својот живот ќе го градат дома во својата земја. Тој на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани дека се што правиме денеска, правиме за нашите млади утре.

-Но, почитувани граѓани, на нашиот европскиот пат има голема и реална опасност. Тоа се Левица и Димитар Апасиев. Со опасниот популизам, со својата анти-ЕУ и запалива реторика Левица станува се посилна и повлијателна. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат целосно земено како заложници затоа што Мицкоски е слаб, без визија и без став. Левица со своето дејствување стана десница, а Мицкоски е во паника и само гледа да не заостане зад нив, рече Ковачевски.

Според него, токму затоа Мицкоски гордо вели дека е континуитет на Ванчо Михајлов, блокира закони во македонското Собрание среде криза, блокира 100 милиони евра помош за државата.

-Мицкоски веќе не гледа што е добро за државата и граѓаните, гледа само како да не заостане зад Апасиев. Ова е реална закана за земјата, да се попречи европскиот план и да се втурне државата во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот. Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро но ќе си легнете гласни и сами навачер, непризнаени и осамени. Па погледнете што се случува во Скопје, во главниот град, го заглавија комплетно, кажа Ковачевски.