Очигледно е дека нема да има датум за почеток на преговори според расположението на учесниците и страните на самитот ЕУ-Западен балкан. За премиерот Ковачевски, францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив. Тој воедно порача и кои услови треба да бидат исполнети, за да предлогот биде прифатлив.

-Договорот за стабилизација и асоцијација го потпишавме пред точно 21 година. Во март 2020 Европскиот совет донесе одлука за безусловен старт на преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Но, еве сме денеска тука, а преговорите се уште не се започнати.Ќе бидам директен уште веднаш. Ова што се случува е сериозен проблем и сериозен удар врз кредибилноста на ЕУ, губиме драгоцено време кое реално го немаме на располагање. Северна Македонија и Албанија, но и регионот, не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка која едноставно не успева да се искоординира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат. Не смееме да дозволиме нашите билатерални прашања да станат мултирателарен проблем, изјави Ковачевски, кој притоа додава:

-Северна Македонија досега направи многу, донесовме многу тешки одлуки. Работиме посветено на реформите дома, а со цел европеизација на општеството…Што се однесува до францускиот предлог, најнапред да упаам благодарност до претседателот Макрон за неговиот ангажман и за вложениот напор за изнаоѓање решение. Во тој динамичен процес на работа, со француското претседателство, ние ги соопштивме нашите позиции и црвени линии и во тој контекст би сакал уште еднаш да потврдам дека предлог кој би бил прифатлив тртеба да ги гарантира клучните елементи: Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка. Преговорите помеѓу РСМ и ЕУ мора да почнат пред почетокот на постапката за  уставните измени за вклучуање на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот. Цврсти гаранции ои од Бугарија и од ЕУ, дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка, билатералниот протокол кој што се уште не е усогласен со Бугарија. И секако секое решение треба да биде консултиран со институциите на Северна Македонија. Предлогот во ваква форма каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Северна Македониа. Доколку за време на француското претседателство, се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите за да се почнат преговорите, порача Ковачевски.