Премиерот Димитар Ковачевски објави дека ќе свика лидерска средба со сите политички партии кои се застапени во Парламентот со цел да се изнајде консензус за Уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Устав. Ова е главниот услов за официјален почеток на преговорите на нашата земја со Европската унија.
-Европската иднина на Северна Македонија е приоритет и треба да се решава со широк политички и општествен консензус.
Затоа, во текот на утрешниот ден ќе испратам покана за лидерска средба до парламентарните политички партии, која ќе се случи идната недела, на 7 ноември, во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.