Јас не сум политичар којшто некого ќе убедува или разубедува за стратешките цели на државата, ние покажавме лидерство, една стратешка цел-членство во НАТО ја остваривме под водство на СДСМ, втората цел-членство во ЕУ ја започнавме под водство на СДСМ и мене како премиер, а опозицијата не учествуваше, немаат поддржано ниту една одлука за НАТО и ЕУ, рече во интервју за Канал 5 Телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска од Охрид.
-Едната стратешка цел на државата, членство во НАТО ја остваривме под водство на СДСМ и поранешниот премиер, втората стратешка цел ја започнавме исто така под водство на СДСМ и мене како премиер со отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Опозицијата не учествуваше во ништо овде. Тие само декларативно се “за“ членство во НАТО и ЕУ, меѓутоа кога ќе погледнете во минатото тие немаат поддржано ниту една одлука, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ потсети дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа ниту гласањето за Договорот ФРОНТЕКСТ каде за прв пат имаме македонски јазик со ЕУ.
-Ако го погледнете гласањето за договорот ФРОНТЕКС каде за прв пат имаме македонски јазик, без никакви додавки, фусноти, појаснувања, чист македонски јазик во договор со ЕУ каде стојат сите други јазици на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ ниту тоа не влегоа да го гласаат. Затоа прашањето за однесувањето на опозицијата е прашање за опозицијата, треба тие да одговорат на тоа прашање. Што прават? На една страна  само декларативно се “за“ членство во НАТО и ЕУ, меѓутоа реално немаат поддржано ниту една одлука. Политичарите треба да покажат лидерство и да донесат одлуки со кои што обезбедуваат подобра иднина на сегашните и на идните генерации на истите тие наши граѓани. Единствена стратешка цел која остана за реализација а членството во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија.