Горан Милевски најверојатно утре до Владата ќе ја депонира својата оставка. Но, Фокус пишува дека ова нема да биде крај. Како што објави овој медиум, повикувајќи се на добро упатени извори од Владата, премиерот Ковачевски наводно не е задоволен од учинокот на уште неколку министри. Ковачевски наводно имал забелешки за учинокот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, но и за правда Никола Тупанчевски. Неофицијално, се правеле анализи какви ефекти би предизвикала и евентуалната замена на влијателното трио министри за внатрешни работи, транспорт и врски и земјоделство – Оливер Спасовски, Благој Бочварски и Љупчо Николовски. Како што е познато, тие ги загубија партиските функции по заминувањето на Зоран Заев, но останаа дел од владата.

Повеќе на Фокус.мк