Од Владата на РСМ за ТВ21 велат дека не ја прифаќа премиерот поканата на премиерот на Црна Гора за посета на Киев поради набиената агенда.

„Покана за посета за која прашувате а која е иницирана од украинскиот претседател Зеленски се однесува на период кој во агендата на премиерот е исклучително интензивен и поради неможност истата да се измени, за жал не бевме во можност позитивно да одговориме“, велат од Владата.

Од таму додаваат дека „Нашата поддршка за Украина и храбриот украински народ е недвосмислена и безрезервна. Благодарни сме на поканата за посета за која веруваме дека наскоро ќе биде реализирана“.