Ги почитувам одлуките на органите на партијата и нема да коментирам можности и веројатности се додека СДСМ не распише внатрепартиски избори, вели за Фокус заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски, кој е фаворит да го наследи Зоран Заев на лидерската позиција во СДСМ, а со тоа и на премиерската функција.

-Сите треба да имаме политичка и етичка почит кон претседателот Заев и кон одлучните и храбри чекори, кои заедно, сите граѓани, мораме да ги продолжиме на патот кон нашата подобра иднина. Во овој момент не сметам дека сум најважен јас, туку пред се иднината на земјата. Така размислува СДСМ, државата и граѓаните пред се – вели Ковачевски.