Со оглед на тоа дека овие, како и низа други закони беа блокирани во Собранието, а имаат за цел унапредување на различни делови во нашето општество, беше одлучено  да одат на Комисијата за европски прашања, која обезбедува нивно побрзо усвојување и побрзо работење на терен. На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на прашањето за означувањето со европско знаменце на законските измени поврзани со коридорите 8 и 10д.

Како што напомена, станува збор за стратешки и европски поврзани коридори, и затоа Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања.

-Станува збор за два исклучително важни коридора, но и за други стратешки инвестициски проекти кои се прават или ќе се прават во државата, во делот на патната, железничката или енергетската инфраструктура. Владата поднесе пет измени на закони, односно усогласувања, за да се овозможи побрза и поефикасна градба, но и градба со финансиска конструкција која ќе биде пониска од она што е со постојаната регулатива, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање,  по почетокот на градежните работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ- Штип.

Евроамбасадорот Гир изрази загриженост што постапката Европско знаменце за носење на закони, што подразбира усвојување на закони по брза постапка, се користи за закони кои не се за усогласување со законите н ЕУ.

Гир: Загрижува означувањето со европско знаме на закони кои не се дел од усогласување со легислативата на ЕУ