Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, преку социјалните мрежи се обрати по повод Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај. Како што вели тој имаме одговорност кон идните генерации и мора да го чуваме јазикот.
-Денеска им оддаваме почит на сите оние кои го создавале писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.
Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и да го шириме. Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме, порача Ковачевски.