Новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски најави промени во раководството на партијата. Во изјава за Тв 24 Ковачевски рече дека сепак дел од актуелните функционери ќе останат во раководството.
Според информациите на тв 24 извесно е дека Миле Зечевиќ ќе биде генерален секретар, а и Сања Лукаревска останува заменик претседател.