На вонредна прес конференција, премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши најавија дека компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти ќе добијат поевтина струја. Ова како што велат се прави со цел да се намалат и цените на производите за крајните потрошувачи. Компаниите кои произведуваат брашно, леб, месната индустрија, живинарската, потоа компаниите кои прозведуваат зејтин ќе добијат поевтина струја.
-Во оваа енергетска криза, секој денар е важен за граѓаните. Се очекува најтешката зима по Втората светска војна. Граѓаните нема сами да ја пребродуваат оваа криза“, рече премиерот.
Со оваа мерка властите се надеваат дека производите за крајните потрошувачи ќе поевтинат за најмалку 10 проценти.
Премиерот најави дека поевтина струја ќе добиваат и училиштата, а субвенциите за домаќинствата, фирмите, како и ранливите категории на граѓани и пензионери ќе продолжат.