Премиерот Димитар Ковачевски заедно заменик-претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, утре и задутре ќе престојуваат во работна посета на Брисел.
Во четврток, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска ќе имаат средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Ковачевски ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, по што работниот дел од првиот ден од посетата на Брисел ќе заврши со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Метсола, на која покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и заменик-претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Во петок, премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на која ќе присуствуваат и заменик-претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.