Денеска, на Спомен-костурницата во Куманово, премиерот Ковачевски одаде почит на хероите на 11-октомвриското антифашистичко победничко востание.
Ковачевски на социјалните мрежи во честитката напиша:
Одадовме почит на хероите на а 11-октомвриското антифашистичко победничко востание кое го отвори патот за сите наши понатамошни победи, победи со кои го потврдивме нашиот исконски непокор.
Непокор пред историските неправди кои ги претворивме во шанса храбро да чекориме напред.
Вечен спомен на кумановските и на сите други херои, кои, со крв извојуваа слободна држава, поставена на темелите на унитарноста и националната самобитност.
Македонскиот непокор повикува на нови победи, повикува на гласот на разумот, гласот за создавање на стабилна, демократска и европска Република Северна Македонија.