Премиерот Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи се огласи и вели дека македонскиот јазик е чист, без никакви фусноти и дополнувања, како таков ќе влезе во ЕУ.
-Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог.
Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги.
Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени, порачува Ковачевски.