„Секој може да протестира, но не со качулки и со повредување на полицајци. Тоа е недозволиво за земја која е членка на НАТО и сака да стане дел од ЕУ“, рече премиерот, откако вчерашните протести излегоа од контрола.

Премиерот Димитар Ковачевски, повикувајќи се на информации од МВР, рече дека на денешните протести коишто се најавуваат пред Владата и другите институции, се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО.

„Ние сме демократско општество во кое секој граѓанин може да го изрази својот став. Но, тоа треба да биде во рамки на законите. Со качулки, со повредување на полицајци – тоа е недозволиво за земја која е членка на НАТО и сака да стане дел од ЕУ“, рече премиерот, потенцирајќи дека на вчерашните протести пред владината зграда, каде што насилно беше урната оградата, се повредени четворица полицајци. Протестите против францускиот предлог продолжија и денеска за време на прес-конференцијата во Владата, а се најавуваат нови и за вечерва во 19 часот.

Според него, она што се случува пред владината зграда е организирано од политички партии кои јасно застанале против членството на земјата во НАТО и ЕУ. Но, Ковачевски е дециден дека не смее да се повтори 27 април .

„Секој може да протестира, но не му се криви ниту полицајците, ниту пак владината зграда“, рече  премиерот на прес-конференција со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел во Владата.