Нека ни е честит и долговечен Илинден – Денот на Републиката. Да го празнуваме во слога и обединетост, на овој начин премиерот Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи го честиташе големиот празник Илинден.

Тој воедно порача:

Денеска ги чествуваме двата Илиндена 1903 и 1944, темели на македонската држава, македонскиот јазик и идентитет и изразуваме вечна благодарност кон Илинденците и асномците за нивната заложба и визија за современа, суверена, независна, модерна држава.

Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!