Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи имаа средба со помошник државниот секретар на САД за политичко-воени прашања, Џесика Луис.

По средбата Османи на социјалните мрежи порача:

-Во фокусот на разговорите приоритетите и идните активности во рамки на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.  Силна поддршка за Украина и заедничка осуда за руската воена агресија, со посебен акцент на потребата од зајакнувањето на трансатлантската соработка во новиот геополитички контекст.  Рамо до рамо со другите партнери од НАТО Алијансата, придонесуваме за зачувување и промовирање на принципите и вредности на меѓународно правниот поредок.