Димитар Кивачевски официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.
-Согласно роковите ја поднесов мојата кандидатура до партијата во која ја доставив мојата визија и програма која има наслов „Заедно, одговорно и посветено“. Програмата се базира на три основни столба, а тоа е социјадемократска визија, јасни социјадемократски вредности од кои извираат принципите, вредностите на работењето и резултатите кои следуваат од него, економски раст и фер шанса и јасен систем со одговорност во кој најдобрите ја добиваат одговорноста и шансата за исполнување на сите проекти ветени пред граѓаните, вели Ковачевски.
По однос на влијанието на Зоран Заев врз него и неговите одлуки, Ковачевски вели дека постапката се одвива врз основа на самокандидирање.
-Мојот интегритет јас ќе го потврдам преку работењето, политиките и одлуките кои ќе ги носат доколку бидам избран за претседател на СДСМ, вели тој.
Претходно денеска, својата кандидатура ја поднесе и екс министерката од СДСМ, Фросина Ременски.