Премиерот на РС Македонија и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски ги повика тетовчани да ја поддржат партијата на изборите на членови на Советот на општина Тетово.

„Советот е особено важен за граѓаните во секоја општина. Советот е оној кој има можност да ги операционализира реалните потреби на граѓаните. Советот предлага и реализира одлуки, политики кои се важни за идниот развој на градот, за начинот на функционирање на локалната самоуправа. Затоа, ги повикувам тетовчани да излезат на вонредните избори на 20 август, и да го искористат своето право да дадат глас за советници кои ќе работат посветено и сериозно за потреби на граѓаните на Тетово. Ги повикувам тетовчани да го дадат својот глас за советничката листа на СДСМ“, порача Ковачевски.