Заменик министерот за финансии и член на ИО на СДСМ Димитар Ковачевски, за Фокус потврди дека ќе се кандидира за претседател на партијата, односно наследник на Зоран Заев.
-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира, изјави Ковачевски.
Инаку, тој од поодамна се спомнува како наследник на Заев, а се појави и на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кога разговараа за нивен влез во Владата.
Според информациите, Заев го фаворизирал Ковачевски на синоќешниот состанок на Централниот одбор.