Работиме на зголемувањето на пензиите. Воспоставуваме еден дијалог каде ќе се седнеме со здруженијата на пензионери и сите засегнати страни, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите во моментов е само паушален.
-Тоа го прават само за да кажат дека учествуваат во ова, колку само да се покаже, потенцира Ковачевски.
Премиерот додава дека пензионерите се оние кои заслужуваат да бидат наградени и да имаат мирни пензионерски денови.
-Најавуваме дека работиме и на пакет мерки со финансиска помош за пензионерите за полесно справување со економската и енергетската криза. Ќе биде определа врз основа на анализи, информира Ковачевски.