За премиерот Димитар Ковачевски главниот податок од пописот на населението е евидентното намалување на бројот на население во државата. Како што рече тој во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, таквиот тренд бил заеднички за сите земји на Балканот.

„Ако ги погледнеме податоците од пописот и во Србија и во Бугарија и тн. има намалување на бројот на населението и затоа овој попис е од значање за да може да креираме економски политики коишто ќе се свртат кон човечкиот капитал и кон отварање на нови можности особено за младите“, рече Ковачевски.