Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да се случи со 180-те споменици на советската армија во Бугарија и какви споменици треба да се постават на нивно место.

„Следен чекор по најавениот од Митрофанова прекин на дипломатските односи, треба да биде дислоцирањето во музеи и тематски паркови на 180-те споменици на т.нар. советска армија во Бугарија. Тоа се разбира важи и за споменикот на окупаторската црвена армија во Софија и за споменикот Алјоша во Пловдив“, пишува Ковачев и додава дека во Бугарија нема место за симболите на окупаторската армија.

„На нивно место треба да се постават бугарски симболи- на Левски, Ботев, Раковски, Стамболов, Гоце Делчев, Тодор Александров, Иван Михајлов, а исто така и на бугарските цареви Аспарух, Тервел, Крум, Борис I, Симеон, Иван Асен II, Борис III“, смета Ковачев.

Тој повикува и на промена на голем број улици во главниот град на Бугарија-Софија, кои ги носат имињата ликови кои немаат никакви заслуги кон Бугарија, а освен тоа се и отворени антисемити.

На ова треба да се додаде и промената на имињата на булеварите како Дондуков, Игнатиев или Гурко, кои не само што немаат никаква заслуга за бугарскиот народ, туку биле дури и против неговите интереси. Не е нормално секоја втора улица во центарот на Софија да носи руско име и тоа на истакнати антисемитисти! Кој Бугарин би бил против странските симболи на една окупаторска војска да се заменат со бугарски симболи?!, вели Ковачев.