„Г-не Мицкоски, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Христо Татарчев, Христо и Милан Матови, Христо Узунов, Борис Сарафов, Јане Сандански, генерал Протуѓеров, Тодор Александров, Иван Михајлов и сите останати војводи и дејци на бугарската организација БМОРК/ТМОРО/ВМОРО и ВМРО се Бугари од Македонија- Македонци со бугарски национален и етнички идентитет. Тие самите се чувствувале така, го истакнувале тоа и пишувале на јазикот кој што тие самите го сметале за нивен мајчин јазик- бугарскиот!
Знам дека ви е непријатна идејата да бидете претседател на една целосно бугарска-националистичка Организација во историска смисла, и фактот дека сите имиња на револуционери на кои што се крстени салите во вашата партиска палата во Скопје се Бугари кои вие длабоко ги мразите. Ве разбирам и Ви сочувствувам. Не е лесно да ги мразиш Бугарите а да се водиш претседател на нешто што го носи името на најбугарската Организација во историјата.
Треба да Ви признаам дека за разлика од многу ваши сопартијци со кои сум комуницирал, вие сте чесен човек и политичар, барем во однос на Бугарија. Секогаш сте бил искрен, директен и последователен во својата омраза кон Бугарија и Бугарите. Дури во тој однос го надминавте и вашиот поглавар кој се наоѓа во унгарско прогонство. Во очекување на дипломатскиот скандал ќе напишам уште еднаш – Гоце Делчев е Бугарин!“, стои во реакцијата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на изјавата на Христијан Мицкоски дека ќе направи дипломатски скандал ако некој каже дека Гоце Делчев е Бугарин.