Европратеникот од ЕНП Андреј Ковачев го запознал Јанез Јанша со моменталната ситуација во Бугарија и со бугарската позиција во однос на почетокот на преговори со ЕУ за РС Македонија, пренесува БГНЕС.
„Извонредно срдечна средба со премиерот на Словенија на почетокот од словенското претседателство. Јанез Јанша е човек со големо искуство, два пати раководел со претседателство на Словенија-во 2008 г. и денес“, вели Ковачев.
Бугарскиот европратеник потсетува дека Јанша поминал низ затворот на поранешна Југославија и знае што е тоа југокомунизам.
„Му посакав од срце успешно претседателство на Словенија“, вели уште Андреј Ковачев.