Проблемот не е надминат со ЈП Комунална хигиена Скопје  кое е под надлежност на Град Скопје. Станува збор за сите главни улици кои припаѓаат на градот Скопје и сите контејнери кои се поставени на главните улици каде евидентно граѓаните забележуваат дека воопшто на време не се реагира од страна на комунална хигиен и депонии на самите главни улици, истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски на денешната трибина на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“.

Костовски продолжи и додаде:

„Еден од првите проекти кои почнав да ги работам како градоначалник, првиот зафат беше чистење на коритото на реката „Серава“, но она што е многу важно да го посочам е дека имаме право како општина да ја чистиме реката само во оној дел каде што не е под ГУП, таму е наша надлежност, а секаде каде што има ГУП надлежност има Градот Скопје и во тој дел не е пипната реката да се чисти“, рече Костовски.

Костовски посочи дека конечно граѓаните на Бутел ќе добијат вистинско место за рекреирање и додаде:

„Во делот каде имавме ние надлежност уште во првиот месец кога станав градоначалник почнавме да ја чистиме реката „Серава“, тоа беше во пределот на Радишани но, не сакав сето тоа да застане таму само да ја исчистиме, туку имав идеја да реализираме еден проект кој беше 30 години наназад ветуван од било кој градоначалник а, тоа е изградба на ново убаво корито на реката „Серава“ и регулирање во пределот на Радишани. Веднаш потоа откако ќе се изгради тоа корито да почнеме да градиме и трим патека и да ја реализираме таа трим патека, станува збор некаде за површина 8,000 м2 во пределот Радишани каде се гради коритото. Овие две работи се реалност, коритото е во финална фаза, веќе се привршува, со проектите од Владата, последниот конкурс кој го имаше кон општините добивме проекти за изградба на трим патека, така да ќе финализираме и со коритото и со трим патеката некаде на пролет“, дециден е Костовски.