Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи најави голем проек за инфраструктурно уредување и разубавување на општината. Тој најавува нови 15 пешачки патеки, нови детски игралишта, ново кошаркарско игралиште, парковско уредување и уредувањена паркинзите во Скопје Север.

– Ова лето започнуваме со реконструкција и уредување на пешачките пристапни патеки до 15 станбени единици во Скопје Север ( проекти завршени, наскоро тендерирање ).  По завршување на тендерската процедура со павер елементи ќе се реконструираат влезовите на станбените единици а исто така и главните пешачки патеки.  Исто така предвидени се две нови детски игралишта за најмалите како и едно кошаркарско игралиште.  На неколку локации ќе се направи и парковско урбано уредување со ново зеленило, нови клупи и патеки.  Од овој викенд ќе се започне со уредување и бележење на големите паркинзи во Скопје Север. Рамномерен развој на општина Бутел е наш приоритет. Граѓаните заслужуваат подобри услови, вели Костовски.