На Дарко Костовски и Михаил Паневски на кои им се судеше за производство и дистрибуција на детска порнографија им се изречени казни затвор во траење од по 4 години.
Костовски, креатор и администратор на групата и Паневски, администратор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржнините кои се споделуваат од страна на членовите на групата.
Тие дозволиле да биде достапно видео на кое си прикажани полови дејствија со дете.
Групата „Јавна соба“ веќе не постои на социјалната мрежа Телеграм.
Инаку откако првата група згасна, беше формирана нова група со исто име за која се уште се води истрага.