„АНБ е нова ера во безбедносното разузнавање, по црната историја на УБК. Случајот со Онишченко е своевиден преседан кој се случи и ја одбележа 2022 година, но покажа дека системот функционира беспрекорно. Беа детектирани фалинките, започна истрага и постапка за да се утврди виновникот кој погрешил“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека не сака од вакви безбедносни ситуации да сe прави реално шоу за опозицијата да ќарува ситни политички поени.

„Новиот директор на АНБ дал соодветни информации пред пратениците за преземените активности и по завршувањето на истрагата ќе има лоцирана одговорност“ рече Костовски.

Пратеникот кажа дека најлошо е во едно демократско општество кога се се става на некаква колективна одговорност и се избегнува индивидуалната одговорност на тој кој згрешил во системот.

„Се надевам дека лоцираната одговорност ќе биде индивидуална, а не колективна“ рече Костовски.