Министеркта за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“ говори за тенденцијата за деполитизација во културата која остава такви дубиози како онаа за проектот „Скопје 2014“ кој, како што вели министерката, во актите на Министерството-не постои. Таа тврди дека соработката со Бугарија во доменот на културата, на образованието и наука , млади и спорт успешно се одвива и тоа не е ништо ново.
„Но политичките елити ги создаваат проблемите. Нам никој не може да ни го загрози идентитетот, ниту јазикот ниту историјата. Проблемот со ветото не постоеше, туку некој тоа го предизвика. Во Република Северна Македонија никогаш не постоел говор на омраза кон Бугарите“ вели министерката Костадиновска-Стојчевска. Таа верува дека ќе надвладее разумот и дека ветото овој пат ќе биде кренато.
Во однос на меѓународната политика во доменот на културата Костадиновска-Стојчевска, истакнува дека за прв пат министерството за култура е вклучено во стратешкиот дијлог со САД, и тој опфаќа размена на искуства, добри практики и други можности за соработка.
Со министерката за култура беа отворени и други значајни теми од културата, но и од сферата на политиката и меѓународните односи.
Во делот на активностите, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Министерството за култура работи на заштита на културното наследство како што се обичаите од Галичка свадба, затоа што и тоа е културно наследство како што се охридските бисери, како што е Матејче, Небрегово.
Само така, вели министерката, ќе го зајакнуваме чуството на македонскиот идентитет кој некој се обидува да ни го негира.
„Јас како министерка нема да го повторам она што се случуваше со градењето на „Скопје 2014“ кога се спушти заштитата на оние објекти кои беа од монументално значење за да изградиме нешто што денес се распаѓа.“, нагласи министерката.
Костадиновска Стојчевска потенцира дека изминативе пет години преку низа конкретни чекори покажана е вистинска грижа за заштита и унапредување на македонскиот јазик со носење и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување.
Превземено од Фронтлајн