Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во Париз ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ што ја доделува Одборот на Фестивалот „Рим-Париз-Вашингтон“.

Костадинов посочи дека ја добил за „особена заслуга во трансформацијата на градови и добро менаџирање“.

– Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна обврска да продолжам да ја задржам оваа динамика. Моето ветување дека Струмица ќе биде меѓународно афирмирана и признаена, е реализирано. Продолжувам со истата ревност, во име на мојата Струмица и од срце, објави Костадинов на својот Фејсбук профил.