ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него се што прави се деструкции, блокади на важни процеси за граѓаните и државата, вели пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов. Како што вели тој во обраќањето од законодавниот дом се кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се сведува единствено на еден збор: блокада!
-Додека Владата, институциите прават сериозни дипломатски напори за да го откочат процесот на евроинтеграциите, за да се надминат неразумните блокади, ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на државните и националните интереси, спротивно од стратешките интереси.
Нивните најави за блокирања сообраќајници низ државата се само уште една потврда колку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се деструктивни и антинародни.
Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ вака се однесува и во Собранието, па блокира и нов Клинички центар, како што блокираше и закони за антикризна поддршка на граѓаните и стопанството, финансирање здравствени установи среде криза.
ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието блокира закон со кој над 3.000 наставници и стручни соработници ќе добијат вработување на неопределено време, вели Костадинов.