Лидерите на двете опозициски партии на Косово, Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово, Енвер Хоџај и Лумир Абдиџику, повикаа на поголемо учество на САД во дијалогот меѓу Косово и Србија. Нивното барање беше упатено за време на состанокот со заменик помошникот државен секретар на САД Метју Палмер, кој престојува на Косово во ист ден со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, во обид да се даде поттик за продолжување на дијалогот Косово-Србија.
Според соопштението за медиумите од Демократската партија на Косово, Хоџај на средбата ја појаснил позицијата на ДПК кон дијалогот, со посебен акцент на очекувањата на оваа партија овој процес да заврши со меѓусебно признавање. Додека во соопштението на Демократскиот сојуз на Косово, се вели дека претседателот Абдиџику на состанокот изјавил дека Соединетите држави се најсилниот партнер во сите процеси на консолидација и развој на Косово. Заедничката посета на Лајчак и Палмер на Косово, според дипломатски извори во Брисел, е со цел да се испраќати порака дека САД и ЕУ тесно соработуваат во однос на дијалогот и имаат слични цели за регионот на Западен Балкан.