Премиерот на Косово Албин Курти на втората средба со српскиот претседател Вучиќ ќе инсистира на неговите четири предлози кои ги презентираше на првата средба. И покрај фактот дека нема договор за дневниот ред за преговорите на 25 јули, за во наредните денови се најавува средба на понизок ранг, но сè уште не е потврдено ништо, ниту од Владата на Косово, ниту од Европската унија.

Advertisements

„Имаме четири предлози од последната средба, очекуваме Србија да ги сфати сериозно овие предлози и да продолжиме понатаму. Ова се нашите четири предлози што ќе инсистираме Србија да ги прифати“, изјави Фиторе Пацоли, Самоопределување.

Но, овој пристап, според Емир Абраши од невладината организација Демократија плус, овој пристап не е поволен за Косово и вели дека четирите предлози на премиерот Курти се добри, но не се реални за да се оди напред во дијалогот.

„Четирите предлози на премиерот Курти се добри, но тие се нереални за да се оди напред бидејќи ние нема да добиеме ветување од српската страна и во отсуство на такво ветување, каков ќе биде ставот на Косово? Дали ќе продолжи со дијалогот или ќе се повлечеме? Самиот дијалог значи дека ние мора да дојдеме до точка на компромис“, рече Емир Абраши, НВО „Демократија плус“.

Портпаролот на Европската комисија Питер Стано не појасни дали може да има прелиминарна политичка средба на пониско ниво меѓу косовската и српската страна, но рече дека датумите и агендата на дијалогот ќе ги објават кога ќе биде соодветно. На првата средба на високо ниво Курти предложи шесте земји од Западен Балкан да ја унапредат ЦЕФТА во СЕФТА, Косово и Србија веднаш да потпишат заеднички договор со кој се обврзуваат дека нема да се напаѓаат меѓусебно. Третиот предлог беше по меѓусебното признавање на Косово и Србија, во двете земји да има билатерален реципроцитет, вклучувајќи го и прашањето за малцинствата. Србите во Косово да имаат свој Национален совет како што тоа го имаат Албанците и Бошњаците во Србија. И како последен предлог, Курти побара оставка на Вељко Одаловиќ од српската делегација и тој да биде испрашуван за исчезнатите лица.

Шкелзен Аќифи