Барикадата, која се наоѓала на два километри од граничниот пункт во Мердаре, на територијата на Србија, била отстранета рано утрово, пренесува косовската РТВ21.
Косовската полиција потврди дека патот кој беше блокиран на 27 декември денеска во 09:50 часот е ослободен за сообраќај.
За денеска е најавено и отстранување на барикадите од патиштата на северниот дел на Косово.
Барикадите на северот беа поставени на 10 декември како спротивставување на апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој е осомничен дека учествувал во организацијата на нападот на канцелариите на Централната комисија во Северна Митровица, како и Зубин Поток.