Косовската амбасада во Скопје преку МНР испратила барање затворската управа на „Идризово“ да му дозволи на дипломатското претставништво посета на осудените терористи од „Диво насеље“.
„Телма“ дознава дека барањето веќе стигнало до Министерството за правда и до Управата за извршување на санкции и истото содржи список од 17 осуденици кои се државјани на Косово и се уапсени на 9-ти мај 2015-та година.
Барањето, според телевизијата, било со ознака итно, а се споменуваат два можни термини – 17- ти декември (петок) или 20- ти декември (понеделник).
Посетата на косовскиот заменик министер за правда на Блерим Салаху на Скопје минатата недела беше откажана. Тој требаше да го посети затворот „Идризово“ и да оствари средба со раководството на установата.
Амбасадата бара токму Салаху да ги посети осудениците.