Косово е загрижено за нон-пејперот што предвидува промена на границите на Западен Балкан. Шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала, апелираше до сите страни да бидат многу внимателни, бидејќи според неа, ваквите идеи можат да предизвикаат нови и непотребни конфликти во регионот. Грвала ги даде овие коментари по средбата со Бујар Османи во Приштина кој наведе дека е неприфатлива тезата на нон-пејперот за кого официјално не се знае кој го подготвил.

„Само споменувањето, едноставно е многу опасно за регионот. Дури и во 2018 година имавме тенденција за наоѓање решенија со размена на територии, со поделба на земјата по етнички линии. За нас е многу јасно, нема опција за она што е напишано во таквите писма без оглед каде се авторите и без оглед дали се наменети само како тези за кои треба да се дискутира или да се спроведе“, рече Доника Грвала, Министерка за надворешни работи на Косово.

– Advertisement –

„Охридскиот договор, независноста на Косово, евро-атлантската перспектива на регионот се прикажани како успешни модели во регионот и сметаме дека единствената алтернатива за стабилен мир е понатамошното проширување на НАТО во регионот и интеграција во ЕУ“, рече Бујар Османи, Министер за надворешни работи.

Прикажи повеќе