Труењето на стотици жители во Дечани, Косово, доведе до прогласување на вонредна состојба. Официјалните сомневања за причините за труењето се наоѓаат во пункт на водоводот „Хидро-дрини“. Проблемот најпрво се појавил во неколку околни села, по штоп од саботата до денеска во Центарот за семејна медицина во Дечани помош побарале околу илјада пациенти, а стотици од нив имаат исти симптоми на труење.
Advertisements
Националниот институт за јавно здравје вчера објави дека од шест тестирани примероци на вода, во два откриле бактерии. Обвинителството во Пеќ почна истрага за причините за труењето, а од Министерството за здравство ги повикаа сите граѓани на Дечани да не пијат вода од градскиот водовод додека не се открие причината. Градоначалникот, Башким Рамосај, рече дека постојат сомневања за намерно контаминирање, но тоа треба да го истражат соодветните институции.
Мелихате Рустеми