Првиот вицепремиер на Северна Македонија, Артна Груби по средбата со в.д. претседателката на Косово Вјоса Османи, рече дека Косово ја има нивната целосна поддршка на секој меѓународен форум. Груби соопшти дека прва точка на дискусиите на министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи во Шпанија ќе биде прашањето за признавање на Косово од страна на Шпанија.

„Прашањето на Косово е дел од приоритетната листа на г.Османи и на нас како политичка партија која е дел од Владата на РСМ, како што сме одлучувачки фактор. За тоа разговарав и со г-ѓа Османи дека нашата поддршка било тоа од Министерот за надворешни или мојата како прв вицепремиер или на г. Али Ахмети ќе ја имаат во секој момент и во секој меѓународен форум. Косово апсолутно е наш приоритет“, истакна Артан Груби.

Главна тема на целодневните средби на вицепремиерот на Северна Македонија било барањето поддршка и апелирањето до албанската дијаспора за учество на пописот на населението во Северна Македонија. Првата средба Груби ја одржа со претседателот на Демократската партија на Косово, Енвер Хоџај, кој го поддржа овој процес оценувајќи го како важен политички процес.

„Ова е технички процес, ова е многу важен политички процес за Албанците кои живеат во различни делови од светот а кои се со потекло од Северна Македонија, активно да учествуваат на граѓанскиот попис“, посочи Енвер Хоџај.

Потоа Груби се сретна и со претседателот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој побара да се мобилизираат за да се самоосвестат иселениците за да се попишат.

„Се мобилизираме за да помогнеме да се самоосвестат околу пописот на население во Македонија“, посочи Рамуш Харадинај.

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир Абдиџику вети активизирање на сите ограноци во дијаспората за да ѝ се помогне на РСМ во овој процес.

„Дозволете ми од тука, да и повикам сите ограноци и структури на Демократскиот сојуз на Косово кои се во дијаспора да помогнат во овој правец“, вели Љубим Абдиџику.

Според вицепремиерот на Северна Македонија, Артан Груби, Здружението „Балкански сираци“ може да одигра важна улога во процесот на попишување на населението.

„Ние ќе се потрудиме да го дадеме нашиот максимум за да ги повикаме сонародници каде и да се да учествуваат во пописот и да се попишат“, додаде Халил Кастрати.

Циклусот средби, првиот вицепремиер Груби го заврши со претседателот на Социјалдемократската иницијатива, Фатмир Лимај. По усвојувањето на Законот за попис на население на 21 јануари годинава во македонското Собрание, пребројувањето почна на 1 март, а ќе трае до 21 април.