Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на С. Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во случајот „Монструм“.
„Барањето за екстрадиција се одбива од Специјалното обвинителство на Република Косово. Екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ од Република Косово во Република Северна Македонија не е дозволена бидејќи барањето за екстрадиција беше одбиено со конечна судска одлука“, стои во одлуката на Основниот суд на Приштина.
Африм Исмаиловиќ избега во 2012 година, пред првата одлука на судот во Скопје за случајот „Монструм“. Со него во бегство е и Алил Демири.