„Имаме договор! Со големо задоволство можам да објавам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за избегнување на понатамошна ескалација и целосно да се концентрираат на предлогот за нормализација на нивната односи“, објави Борел на твитер.

Борел изјави дека Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на косовските градови и дека Косово ќе ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата.