Претседателката на Косово Вјоса Османи, претседателот на собранието Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти го потпишаа денес барањето за членство на Косово во Европската Унија.

-Со официјализирањето на апликацијата за членство во Европската Унија, Косово ја покажува својата евроатланска ориентација.

Вака изјави премиерот на Косово Албин Курти по потпишувањето на апликацијата.

-Денеска го правиме првиот чекор кон членство во ЕУ. Апликацијата за членство потпишана денеска ќе ја доставиме до чешкото претседателство со Европската унија. Тоа е историски момент со кој целиме да отвориме ново поглавје. – изјави Курти.

Тој додаде дека Косово ќе оди напред со своите заслуги и способности.

-Напредокот ќе зависи од нашата посветеност на длабоки и прогресивни реформи. Колку брзо ќе одиме ќе зависи од нас. Ќе одиме напред по наша заслуга, со нашите способности да ги исполниме критериумите. Пречките и предизвиците ги надминуваме со демократски развој и социјален напредок, рече Курти.