Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај, наложи откажување на сите воздужни линии од Велика Британија, со цел да се спречи ширењети на новиот вид на коронавирусот.

Во соопштението доставено до медиумите, косовското Министерство за здравство информира дека граѓаните кои ќе допатуваат во земјата од Велика Британија преку земните гранични премини се обврзуваат да се самоизолираат на две недели во нивните домови.

– Од Министерството за инфраструктра и Министерството за внатрешни работи се бара да ги донесат потребните одлуки и мерки согласно нивните административни надлежности и одговорности со цел спроведување на оваа одлука. За сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат мерките, надлежните органи се задолжуваат да изрекуваат казнени мерки согласно Законот за спречување и борба против пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Косово, се вели во соопштението.

Владата нема информација дека за влез во Косово е неопходен ПЦР-тест