Косово денеска ја одбележува 13-годишнината од прогласувањето на независноста. И покрај пандемијата, овој ден собра многу граѓани на плоштадите во Приштина. Централната манифестација се одржа во касарната „Адем Јашари“. Актуелната претседателка, Вјоса Османи, повика на обединување.

Годинашнината овој пат се случува во пост-изборен период. Актуелната претседателка, Вјоса Османи и лидерот на Самоопределување Албин Курти, кои победија на изборите на 14 февруари, заедно оддадоа почит во Преказ.

– Advertisement –

„Ова е местото каде што секој ден мора да се потсетуваме себеси и светот дека тука се доказите за српскиот геноцид, доказите за намерата на Србија за истребување на албанскиот народ“, рече Вјоса Османи, претседателка на задача.

„Трите генерации на семејството Јашари се бореа и се жртвуваа, половина од нив мажи, а половина жени и деца, со враќањето тука ја правиме државата подемократска, се грижиме за социо-економски развој и за институционална правда затоа што такво е наследството на паднатите борци и желбата на нашиот народ“, изјави Албин Курти, претседател на Самоопределување.

Во име на семејството Јашари, Беким Јашари повика на единство.

„Во спротивно, ако и понатаму бидеме поделени може да ни треба уште подолго време за процесите за кои има потреба оваа земја. Особено за економскиот развој…“, изајви Беким Јашари, семејство на Јашарај.

На 5, 6 и 7 март 1998 година, 59 членови на семејството беа масакрирани, вклучувајќи го и командантот на ОВК, Адем Јашари. На 13-годишнината од независноста, косовските безбедносни сили бројат над 2.700 активни војници.

„Косовските безбедносни сили се успешна приказна во текот на овие 13 години, сите го велат тоа, но се гледаат и резултатите дека сме најценетата институција во земјава“, рече Рахман Рама, командант на КБС.

А, додека Косово ја слави годишнината од независноста, поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими се соочуваат со правдата во Хаг. Се соочуваат со обвиненија за воени злосторства и за трговија со органи. Косово досега го имаат признаено над 100 земји, но поради блокадата од Русија, сè уште не е членка на ООН.

Шкелзен Ачифи