Скендер Шатри, еден од дејнците на косовското движење за незавиност, го обвинува македонскиот амбасадор во Хрватска, Миљаим Фетаху дека наводно за време додека заедно служеле воен рок во поранештната Југословенска армија во 1985 година соработувал со воената тајна служба, КОС.
Ваквите обвинувања Шетри ги изнел на почетокот на јули гостивајќи на косовската телевизија Клан Косова, каде зборувал за третманот на војниците Албанци од Косово од Југословенската армија.
„Се сеќавам на еден случај кога военото разузнавање ми пратија едно момче да ме следи. Имаше завршено студии во Хрватска, Миљаим Фетахиу, од околината на Гостивар, од селото Чегран. Тој имаше завршено студии по политички науки во тоа време. Тој често се гледаше со претставниците на военото разузнавање и тој ми приоѓаше цело време и ме прашуваше кои ти се другарите од студии во Приштина. Имав и други ситуации, тој ги добиваше одговорите, но гледав кои му се намерите“, изјавил Шатри за косовската телевизија.
Тој жали што мал број војници Албанците во тоа време прифатиле соработка со КОС загрозувајќи им ја дополнително безбедноста на војниците Албанци во ЈНА.
Шатри во емисијата заборува и за неговото искуство како војник со командантот на касарната во Охрид, Ратко Младиќ, генерал на војската на Република Српска, осуден од Хашкиот суд за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина.